Сјајна темно кафена

Brun Henna

Кафеава кна за коса

Brun Henna

1.195ден

Парче

Природна боја за коса која ќе направи да си ги чувствуваш прамените меки како никогаш досега. Кната ти отвара врата кон свет полн имагинација, исполнет со сочни локни кои се слатки како чоколадо. Билката индиго и меленото кафе ја продлабочуваат бојата на косата прекривајќи ги прамените во сјаен чоколаден крем. Ако твојата коса има светли тонови, тогаш ти препорачуваме да нанесеш основа од Rouge или Marron, па потоа да ја употребиш оваа к'на на сува коса кога ќе се чувствуваш подготвено.

Црвената кна во оваа мешавина дава форма и сјај како и длабок регенерирачки треман. Фер тргуваниот какао путер нежно омекнува. Третманот со кна се развива различно според индивидуалните тонови кои се уникатни за твојата коса создавајќи твој личен тон.

Оваа природна боја за коса го покрива секое влакно одделно, нешто како лак, додавајќи дополнителен слој на заштита и сјај. Безбедна и добра за твојата коса, можеш да ја употребуваш колку често сакаш.


Како се припрема кната:

Искршете ја кната на помали парчиња или исечете ја на даска за сечење.

Ставете ја во длабок сад, попарете ја со врела вода и мешајте додека не добиете изедначена густа смеса како пудинг. 

Најважно е да се внимава на густината на приготвената кна. Доколку се направи ретка нема да ги постигнете посакуваните резултати. Во зависност од должината на вашата коса сами дозирајте колку коцки од кната ќе ви бидат потребни за едно бојадисување.  


Како се нанесува: 

Приготвената кна се нанесува на сува коса и се остава да делува 2 часa. 

На крај косата регуларно се шампонира за да се измие кната.





Состојки :


фер тргуван органски какао путер (Theobroma cacao), индиго билка (Fera tinctoria), црвена кна (Lawsonia inermis), мелено кафе (Coffea arabica), коприва во прав (Urtica dioica), ирска мов во прав (Chondrus crispus), масло од каранфилче (Eugenia caryophyllus), *цитрал, *еугенол, *гераниол, *цитронелол, *лимонен, *линалул, парфем

  Природни состојки
  Безбедна синтетика

*Се појавуваат природно во есенцијалните масла

Мислења (5)

Радица 30/11/2024

Последниве четири месеци ја користам оваа к'на и имам само пофални зборови за истата. Косата е мека, сјајна и полна со волумен. Имам долга коса а пола од оваа плочка ми е доволна за едно фарбање. Припремата и секое наредно фарбање е се полесно. Јас пред да ја растворам со топла вода к'ната ја мелам бидејќи така полесно и подобро ми се раствора. Лесно се испира со вода и шампон, а на крајот јас секогаш после шампон користам Candy Rain бидејќи тој ми е иста така незаменлив

Ленче 06/04/2023

Ја користам к'ната 3 години. Ми ја опорави косата од оштетувањата од фарбата претходно. Косата ја остава сјајна, скалпот здрав, косата престана да ми паѓа и не се суши како порано. Одвај чекам да ја донесете, бидејќи немам замена, користев фарба додека чекав овие 4 месеци, но фарбите предизвикуваат страшно паѓање на косата. Кната ја препорачав на многумина, дел од нив целосно се префрлија од фарби на к'на. Покривна е и за бели влакна.

Марија 14/11/2022

Додека си ја нарачував омилената кна го видов претходниот коментар и почувствував потреба да го споделам и моето искуство.
Ја користам кната околу 10 години. Пред тоа хемијски ја боев косата. Кната ми го подобри квалитетот на влакното имам здрава и сјајна коса за која што секојдневно и добивам комплименти. Никогаш не би ја сменила. За воља на вистината повеќе ми се допаѓаше претходната верзија за која при последната посета во City Mall ме известија дека пак ќе ја вратат поради барањата на клиентите насекаде низ светот.
Начинот на спремаањена кната е поразличен но не комплициран... (продолжува)

Марија 14/11/2022

Јас парчето кна го сечам на даска и го ставам во огноотпорен сад, потоа само додавам врела вода по малку и мешам додека кната целосно не се растопи и не добие структура како топло чоколадо. Брзо и лесно се нанесува. Одкакмо ќе ја нанесам чекам два ипол часа и шампонирам. Малку потешко се измива зошто кната станува покрута кога ќе се исуши. Затоа прво убаво ја наводенувам косата, откако ќе омекне шампонирам.
За мене секоја минута и секој труд за растопување и нанесување вреди зошто имам коса како што не сум ни помислувала дека може да имам.
Ги коритам и FAirly tradet honey шампонот и Candy rain регенераторот. Моја топла препорака се овие 3 производи.

Ivona 23/10/2022

КАТАСТРОФА!!! Можеби состојките се добри но ова не се мачка на коса паѓа насекаде, покрај нередот дома што го направив костата ми е долга и ја заплеткав како никогаш досега, едвај со многу шампон ја измив но сепак многу се искубав и коста ми е сува не се чешла
Многу производи од Lush ми се дпаѓаат затоа и се одличив да го пробам и ова но се изненадив од резултатот просто не ја оставив да делува одма ја измив, многу лоша инивација е овој производ за фарбање коса.

LUSH:
Почитувани, жал ни е за непријатното искуство.
Секогаш внимателно го објаснуваме процесот на припремање на кната но со вас може сме направиле пропуст.
Откако сте ја растопиле кната и не сте добиле убава кремаста структура како топол пудинг (густa но течна), потребно е да додадете само уште малку врела вода. Врелата вода е потребна за да се растопи какао путерот кој што е дел од составот на кната.
Откако убаво ќе се растопи кната многу лесно нанесува на косата.
Ние би сакале да ви подариме Brun Henna за да му дадете уште една шанса на овој производ. Може да биде подигната од нашите продажни места или доставена по пошта.
Ве молиме контактирајте не во приватна порака.


Напиши мислење

    Лош           Добар

Слични продукти

Rouge Henna
Црвена кна за коса
За црвена коса како зајдисонце

1.195ден / 325г
Noir Henna
Црна кна за коса
Интензивна црна со луксузен сјај

1.195ден / 325г
Marron Henna
Костенлива кна за коса
Кафено костенлива нијанса

1.195ден / 325г
Vénitien Henna
К'на за коса
Коса како розево злато

1.295ден / 325г
Tint Brush
Четка за к'на
Четка за к'на од бамбус

495ден / Парче
Ново
Henna Hair Wrap
Обвивка за коса
Повеќекратно и мултифункционално

995ден / Парче