Информации за
испорака на нарачки
____________ Испорака во Македонија ____________
Сакате да направите нарачка?! Супер, со нетрпение чекаме да ги спакуваме сите ваши омилени производи.
Нарачките се спремаат секој работен ден од понеделник до петок од 09:00 - 13:30, сабота од 09:00 - 11:00 часот и се доставуваат во рок од 1-3 работни дена, по денот на испраќање.
Ако нарачката ја направите по 13:00 или во сабота по 11:00 часот, вашите производи ќе бидат испратени следниот работен ден. За време на празници и во недела не се спремаат, испраќаат или доставуваат нарачките.
Ценате за достава на нарачка на територијата на Македонија е 150 денари, нарачките поголеми од 1500 ден бесплатно се доставуват.
Ако имате дополнителни прашања може да нè побарате на 02/3082400 или да нè контактирате на [email protected]
____________ Информации за плаќањето ____________
Сите информации за плаќањето може да ги прочитате тука.
____________ Пакување ____________
Не користиме пластика при пакувањето на вашите производи! Вашите производи внимателно се пакуваат во eco-flo чипс кој што е направен од скроб од компир и е биоразградлив, за само неколку минути во вода или пак во земја. Цврстите производи ги испраќаме Naked (без пакување) а течностите и кремите во нашите добро познати кутивчиња кои што се направени од 100% рециклирана пластика со можност пак да се рециклира. Поради тоа и ги собираме вашите празни кутивчиња од Lush производите и ве наградуваме со свежа маска за лице и повторно ги ставаме кутивчињата во кругот на рециклирање. Производите ги пакуваме во картонски кутии или ќеси од рециклирана хартија во зависност од бројот на нарачаните производи.
____________ Нарачка ____________
Производите се нарачуваат исклучиво по електронски пат на нашата интернет продавница www.lush.com.mk
Пред да ја направите нарачката потребно е да се регистрирате и да се логирате на страната (тука може да се регистрирате/логирате)
Откако ќе се логирате и ќе ја направите вашата нарачка потребно е да одберете начин на кој што ќе ја платите вашата нарачка, односно да одберете една од понудените можности. По комплетирањето на сите информации и извршената наплата вашата нарачка ќе биде спакувана и испратена.
Доколку некој од нарачаните производи не сме во можност да го доставиме телефонски ќе ве контактираме.