Кога чувствувате дека грижите владеат над вас, оваа маслена купка е овде да ви помогне да ги погледнете работите од чист и јасен агол. Содржи масла од еукалиптус, лимонова трева и пеперминт за интензивна свежина и бран енергија. Полна е со органски какао путер добиен без злоупотреба на детски труд, кој потекнува од Доминиканската Република и Сиера Леоне.
Можете да ја употребувате на два начини, како купка за во када или како свеќа за мирис во просторија.
Доколку се одлучите за маслена бања, земете две коцки од купката и оставете ги во веќе наполнетата када, маслата ќе се растопат и вашата бања е спремна за опуштање.
Доколку се одллучите да ја искористите како свеќа, земете една или две коцки и растопете ги во топилка за восок. Приближно време на согорување на една коцка е 6 часа.
Не додавајте искористено или стопено масло во вашата бања.
Содржи состојки кои може да предизвикаат алергиска реакција.