Темно црвено-кафеавкаста и сјајна како нова паричка. Caca Marron дава темно црвена и богата кафеава боја, боја која предизвикува луѓето да коментираат. Навистина! Кафето дава јака, длабока кафеава боја а црвената кна дава сјај и темно црвена боја која привлекува внимание. Содржи диви тревки, билки, кафе и цимет за прекрасен сјај и неодолив природен мирис.
Како се припрема кната:
Искршете ја кната на помали парчиња или исечете ја на даска за сечење.
Ставете ја во длабок сад, попарете ја со врела вода и мешајте додека не добиете изедначена густа смеса како пудинг.
Најважно е да се внимава на густината на приготвената кна. Доколку се направи ретка нема да ги постигнете посакуваните резултати. Во зависност од должината на вашата коса сами дозирајте колку коцки од кната ќе ви бидат потребни за едно бојадисување.
Како се нанесува:
Приготвената кна се нанесува на сува коса и се остава да делува 2 часа.
На крај косата регуларно се шампонира за да се измие кната.