Ова е нашиот заводлив зимски гел за туширање кој е преполн со овошен мирис и ледена бистрина.
Мора да признаеме дека за нас е мистерија зошто овој гел за туширање е секогаш најпродаван божиќен (limited edition) производ. Тој воопшто не е класичен билков, длабок Lush мирис, баш напротив, тој е интензивно сладок, розов гел за туширање обожаван од луѓето насекаде.
Сите типови на луѓе паѓаат на шармот на Snow Fairy. Ние никогаш не престануваме да се изненадуваме од широкиот спектар на луѓе кои го обожаваат ова розово задоволство. Ние имаме многу ваши писма и фотографии во кои ни кажувате дека вашето мало девојче го обожава, дека е омилениот гел на вашите баба и дедо, дури дека и вашиот брат го користи...
Немојте ни случајно да помислите дека Snow Fairy е само розов и женски. Тој мириса на бонбона и капки од медена круша кои заедно ќе ве транспортираат назад во деновите кога сите ние стоевме во слаткарницата со стутканите пари во нашите џебови, размислувајќи кое слатко задоволство да го вкусиме овој пат.
Грабнете едно шишенце Snow Fairy и истрчајте до најблискиот туш - никогаш не се знае можеби ќе најдете пријател за цел живот.