Често поставувани прашања за Lush и mica

Со овој документ го објаснуваме нашето патување со кое ги отстрануваме природните mica oд нашиот ланец на набавки. Еве каде почнавме, што откривме по патот и зошто одлучивме да не ја користиме оваа состојка од 1ви јануари 2018.


Што е mica?


Име на минерал кој дава сјај на производите. Зависно од колку е ситен дава различен ефект, ниво на сјај и бои.


Ефектот на сјај се создава кога оваа состојка се прекрива со оксид, најчесто титаниум диоксид. Различните бои се добиваат со додавање повеќе слоеви на избраниот оксид.


Еден од основачите на Lush и одговорна за шминка – Rowena Bird објаснува: „На истиот начин на кој светлото удира сјајна површина и создава виножито, кога светлото доаѓа во допир со титаниум диоксид рефлектира и дава ефект на виножито. Зависно од колку пати ја прекриваме оваа состојка, добиваме различни нијанси. Може да се создадат седум различни бои и потоа слоевите создаваат подлабоки нијанси секој пат“


Интензитетот на сјајот зависи од големината. Ровена објаснува дека за посјаен ефект имаме потреба од покрупна mica. Поголемите делчиња некогаш предизвикуваат иритација, па ја регулираме големината за одредени производи, како сенка за очи.


„Големината со која се прави пигментот одредува колку сјае. Свиленкаста сенка за очи има потреба од ситни парченца за да изгледа свилено. Тие создаваат сјај, а покрупните mica светки“


Што е природна mica?


инерал кој се појавува природно. Има различни видови и се наоѓа насекаде низ светот, но во текот на годините козметичката индустрија е понаклонета кон индиската mica поради квалитетот. Се користи во различни индустрии од бои за автомобили, масла, светки кои се јадат – до козметика. Поради проблемите со човекови права, конкретно детска работна рака кои се поврзани со природната mica, Lush се посвети на отстранување на овој минерал од сите свои производи со почеток од 1ви јануари 2018.


Што е синтетичка mica?


Синтетички флуорфлогопит – познат како синтетичка mica е мимика на ефектот на природниот минерал, но се произведува во лабораторија.


Го има истиот ефект и покрај тоа што е направен од човечка рака не штети на околината и е пријателска алтернатива на често користените пластични светки. Нашиот креативен купувач Gabbi Loedolff кажа „Иако е синтетизиран во лабораторија, се состои од природни минерали, па така го немаме проблемот со микропластика која завршува во океаните и водата.“


Бидејќи се прави во лабораторија, чистината е на високо ниво, па поинтензивни бои и порефлективни производи може да се направат во споредба со природната mica. Ровена објаснува „Позитивната страна при користењето на синтетичка mica се забележува при правењето на сенка за очи со многу светки. Природната mica има остри краеви, а синтетичката позаоблени, па може да се користи поголемо парче и добиваш уште подобри светки.“


Кој е проблемот со природната mica?


Природната mica не е проблем сама по себе, но етичките прашања во врска со потеклото на овој минерал се.


Lush за прв пат почна да купува материјали со овој природен материјал во 2012. Избравме набавувачи врз основа на гаранцијата дека деца не работат во производството со редовни извештаи за да се утврди ова барање како исполнето. Нашиот набавувач работеше со локална НВО наречена BBA (Save the Childhood foundation) која работи со цели села за да се направат пристојни за детски живот.


За жал, пигментот од компанијата се продаваше на друга компанија. Gabbi oбјаснува: „Ни беше кажано дека компанијата веќе не нуди трет надворешен партнер кој ќе го исполни нашето барање. Новите набавувачи гарантираа дека не беше вклучена детска работна рака, но бидејќи веќе не постоеше потврда од независна компанија, станавме многу загрижени и решивме да се префрлиме на синтетичката алтернатива.“


Во 2014 започнавме да работиме активно на замена на сите состојки кои го содржат овој природен минерал со неговата алтернатива.


Зошто Lush се префрли на синтетичка mica?


Кога веќе не бевме во можност да гарантираме за транспарентноста во набавката решивме да направиме промена во составот на нашите производи. Од 1ви јануари 2018 година веќе не го користиме природниот минерал.


„За нас е многу важно кој е изворот на нашите состојки. Ни стана јасно дека нема транспарентност на ниво кое ние го бараме, па решивме дека е подобра и поетичка опција ние сами да пробаме да ја произведеме оваа синтетичка алтернатива.“


Зошто ни беше потребно толку време?


Елиминацијата на природната mica не беше лесен процес како што мислевме, бидејќи тоа значеше дека треба да имаме строга контрола и не сакавме да ги потрошиме залихите кои веќе ги имавме купено.


Во 2016 природна mica беше откриена во пигменти за кои ни беше кажано дека се синтетички. „Ова откритие беше вистински шок и ја потенцираше оваа потреба за контрола. Не се работи само за нашиот етички избор, туку и за обврската од нашите набавувачи и нивната потврда дека нема да го користат природниот материјал во било која состојка од нарачките.“


Одлуката за целосно отстранување од употреба беше комплицирана и нашата компанија заглави во морална дилема. „Користиме само мала количина на пигменти во нашите шминки и тие може да се купат на големи количини, па неретко останува вишок. Одлуката беше прво да се искористи цела залиха за да не фрламе нешто што е употребливо. Но, сега има рок и секој пигмент што ни останува ќе биде даден на уметнички студија. Треба да му се даде вистинската почит на материјалот и луѓето кои го копаат во рудниците“ објаснува Ровена.


„Кога еднаш ќе станеме свесни за потенцијални проблеми, потребно е време за истражување и збогатување на знаењето по овие прашања. Вo Lush сакаме да ги посетиме нашите извори на состојки и да имаме соработувачки пристап во решавањето на предизвиците кои застануваат на нашиот пат. За жал во овој пример, големината на проблемот во комбинација со нашата релативно мала куповна моќ и фактот дека бевме советувани да не посетуваме без наоружана придружба влијаеше на нашата сигурност дека може да влијаеме на подобрувања. Па, решивме да престанеме да ја купуваме природната mica и да се насочиме кон синтетичките алтернативи.“


Зошто сеуште не сме дел од Responsible Mica Initiative?


Како мал купувач сакаме да ги правиме нештата на наш начин...



Оваа иницијатива е асоцијација која сака да постигне 100% одговорен ланец на ископување и продавање на природната mica во следните пет години. Иницијативата е колектив на различни компании, но најмногу од козметичката индустрија кои работат на промени во овој ланец на набавки. Ние ги поддржуваме нивните цели, но кога прв пат се сретнавме со нив немаше толку високо ниво на јавната свест како сега.


„Кога бевме во потрага по промена, другите компании не зборуваа баш за овие проблеми. Ако имате на ум дека козметичката индустрија користи 10% од овој природен материјал произведен во светот, ние навистина имаме мал дел од тоа и како корисник на мала количина имаме ограничена куповна моќ. Не се чувствувавме дека може да го имаме ефектот кој го посакувавме, па така решивме да започнеме со синтетичка алтернатива“ објаснува Gabbi.


Како да дознаам дали мојата козметика содржи природна или синтетичка mica?


Доволно е да погледнеш во составот.


Природната mica e запишана како „Mica“, „Potassium Aluminium Silicate“ или „CI 77019“, додека силиконската алтернатива е запишана како „Synthetic Mica“ или „Synthetic Fluorphlogopite“.


Но, зарем не се природните материјали секогаш подобри од синтетичките?


Ова не е секогаш случај.


Поголемиот дел од нашите состојки се хранат од енергијата на нашата земја, но, кога доаѓа до избирање на материјали кои се етички и одржливи, природните состојки не се секогаш најдобриот избор. На пример мошусот бил користен мнгоу години од компаниите и неговото потекло било животинско, но како вегетаријанска компанија користиме синтетизиран мошус за да бидеме сигурни дека не е поврзан со суровост кон животните.


Gabbi набројува уште неколку причини зошто синтетичката алтернатива на mica е подобар избор од природната „Синтетичката е посветла по боја и бидејќи е синтетизирана во лабораторија е многу чиста во квалитетот, па нема контаминација со тешки метали која некогаш може да се најде кај природниот минерал.“


Па, 2018 година носи свеж почеток во бизнисот и етичкиот купувач на бои за Lush – Jodi Francis ни потврдува „Посветеноста на менување кон употреба на синтетичката mica значи дека природната нема веќе да се користи во нашите производи.Очекуваме да останат готови производи во продажба кои биле направени пред крајниот рок.“


Набавување на состојки кои се пријателски кон етичноста и околината е еволутивен процес и нашиот тим постојано работи кон подобрување на својот избор.


Ако имаш прашања обрати се кон нашиот тим за поддршка на купувачи и слушни го нашиот podcast на Lush Player – Trade Roots во кој нашите Simon Constantine и Gabbi Loedolff зборуваат за mica.