Lush ги напушта социјалните мрежи
Зазема свеж, нов пристап кон социјалните медиуми со нова глобална политика против нив.
- Ветуваме дека ќе инвестираме во нови начини на поврзување и ќе градиме подобри канали за комуникација насекаде
- Сите профили на брендот Lush, како и профилите на сите продавници насекаде низ светот ќе бидат деактивирани
- Новиот скандал со свиркачот на Facebook беше последната капка за Lush
- Сè додека не преземат мерки кои би овозможиле безбедно опкружување за своите корисници
- Lush ги напушта социјалните мрежи: Facebook, Instagram, TikTok и Snapchat
Од 26 ноември 2021 година, брендот Lush глобално им сврти грб на Instagram, Facebook, TikTok и Snapchat, сè додека тие платформи не преземат чекори за обезбедување на безбедна средина за нивните корисници. Оваа политика станува активна во сите 48 земји во кои работи Lush. Според нив, на ист начин како што доказите за климатските промени беа игнорирани и минимизирани со децении, се игнорираат и сериозните последици од социјалните медиуми. Lush, како добро познати лидери, а не следбеници, одлучија да го привлечат вниманието кон овој сериозен проблем и да започнат со менување на праксата, не чекајќи некој друг да адресира каде е вистинскиот проблем.
Изјава на компанијата:
“ Како иноватор на бомбите за во када, давам сè од себе за да креирам производи кои им помагаат на луѓето да се исклучат, да се опуштат и да се погрижат за својата добросостојба. Платформите на социјалните медиуми станаа антитеза на таа цел, креираа алгоритми за луѓето постојано да скролаат со што им се оневозможува да се исклучат и опуштат. “ Џек Константин, ЦДО и пронаоѓач на производи.
Ние не би ги поканиле нашите клиенти на средба во темна и опасна улица - а некои од социјални медиуми стануваат токму места каде никој не треба да се охрабрува да оди. Нешто мора да се промени. Се надеваме дека платформите ќе претстават засилување кон насоките за најдобрите практики и дека ќе бидат донесени меѓународни регулативи. Но, ние не можеме да чекаме. Се чувствуваме принудени да преземеме свои активности за да ги заштитиме нашите клиенти од штетните влијанија и манипулации, што може да ги искусат кога се обидуваат да се поврзат со нас, преку социјалните медиуми. Затоа, Lush ќе се одјави од Facebook, Instagram, TikTok и Snapchat, сè додека овие платформи не станат безбедни за нивните корисници.
“ Го поминав целиот мој живот во избегнување на употреба на штетни состојки во своите производи. Сега постојат бројни докази дека се наоѓаме во ризични ситуации додека ги користиме социјалните медиуми. Јас не сум подготвен нашите клиенти да ги изложувам на такви ризици, така што е дојдено време да ги отстраниме од формулата.“ Марк Константин, ОБЕ, ко-основач, извршен директор и пронаоѓач на производи.
Ветуваме дека нема во потполност да станеме анти-социјални. Ќе направиме сè што можеме за да најдеме нови начини за поврзување, да изградиме подобри канали за комуникација на друго место, користејќи стари и докажани рути. Засега, може да нè најдете на Твитер и на Јутјуб - нема потреба да лајкувате, претплатите или вклучувате известувања, луѓето можат да одат за да проверат што има ново кога сакаат.
Секогаш имаме многу што да кажеме, но кога ќе се качиме на говорницата, сакаме таа да биде безбедна.
За Lush
Кога станува збор за козметика, Lush е познат по тоа што ги прави работите поинаку - без разлика дали се работи за осмислување на нови производи во кои што ќе се редуцира употребата на непотребните пакувања, спроведувањето на кампањи, што откриваат досега нераскажани приказни, или пак, во подигнувањето на стандардите за тоа како може да изгледа и да и да се чувствува искуството при малопродажба. Во суштина, Lush има цел да даде повеќе отколку што зема од општеството и од околината. А, во светот во којшто технологијата стана важен дел од сечие работење, природно е Lush да поттикнува најдобри пракси кога е во прашање и дигиталната етика.
Технологијата не мора да биде неетична; таа може да придонесува за општото добро и да влијае на позитивните општествени промени. Ние во Lush сакаме свет во кој свежата и рачно направена технологија е осмислена за регенерација, а не за уништување. Подготвени сме да започнеме дигитална револуција.
Кога социјалните медиуми ќе се расипат
Lush отсекогаш бил социјален бренд и најдовме уникатни начини за директна комуникација со клиентите. Од врвните CTG каталози од 1990-тите и многу популарниот Lush Times, до раниот форум за клиенти и нашето брзо усвојување на социјалните медиуми, кога тие првпат беа развиени - целта на Lush отсекогаш била да комуницира со оние кои ги сакаат нашите производи и да ги слушаме што имаат да ни кажат.
Lush секогаш се залагал за промовирање на добросостојба. “Веруваме во долги уживања во када со свеќи, заеднички туширања, масажи и исполнување на светот со парфем“ , ова е дел од нашата мисија и е во сржта на нашата цел, како бизнис.
-Но, кога ќе забележиме дека добросостојбата на нашите клиенти е загрозена поради каналите на коишто пробуваме да се поврземе со нив, тогаш тоа нам повеќе не ни одговара. Сметаме дека технологијата треба да се развива за општо добро и да има позитивно влијание врз општествените промени, а за тоа се залагаме со години преку различни кампањи. На пример, на Black Friday 2016 година Lush соработуваше со организацијата за дигитални права Access Now на нивната глобална кампања #KeepItOn против одлуката на владата за исклучување на интернетот.
Бомбата за во када Eror 404 собра повеќе од 250000 фунти за дигиталниот фонд кој ги подржува Access Now и глобалните активисти кои се борат за слободен, отворен и сигурен интернет.
Потоа, во 2018 по објавата дека поради грешка протекле податоците на 29 милиони корисници на Facebook, Lush произведе и продаваше торба со ограничено издание со натпис “What the Zak?” на конференцијата The Next Web 2018. Приходите одеа во фондот Lush Digital, подржувајќи ја технологијата за добри иницијативи на глобално ниво.
На конференцијата The Next Web 2019, Lush се здружи со Bits of freedom, организација за дигитални права со седиште во Холандија. Lush ја произведе и ја продаваше торбата со слоганот “Take CTRL”, како би ја поттикнал свеста кај луѓето за донесување на разумни одлуки за начинот на кој ја користат технологијата. Приходот од продажбата на торбата, што беше во ограничено издание, беше за Bits of Freedom, за да ја подржиме нивната мисија да изградат нови, дигитални алатки за информирање и подучување за луѓето да станат посвесни корисници на технологијата.
Ние се обидовме да ги напуштиме социјалните медиуми во 2019 година. Тогаш Lush UK престана да објавува на Facebook и на Instagram поради зголемената загриженост околу тоа што големите платформи контролираат, колку и кои луѓе го гледаат тоа што го објавуваме. Единствената причина за контрола на интеракцијата е извлекување профит за себе, а фактот дека главниот начин на комуникација со нашите клиенти е контролиран од трета страна нè загрижуваше.
Со ненадејното доаѓање на глобалната здравствена пандемија во 2020 година, луѓето низ светот значително се потпреа на сите функции на интернетот. Затоа одлучивме да ја вратиме ограничената употреба на каналите кои претходно ги изгасивме за на клиентите им ја понудиме единствената можна услуга што ја имавме.
На 15 септември 2020, за време на пандемијата, Lush се здружи со IMWHOLE и Зое Суг на Денот на дигиталната детоксикација со цел да ги поттикнеме сите да ги оставиме уредите на еден ден и да си го посветиме тој ден на своето ментално здравје. Кампањата имаше голем успех, а насекаде низ светот учествуваа стотина илјади луѓе. Меѓутоа, повратните информации од IMWHOLE, од тинејџерите, кои пробале да се детоксицираат од својата технологија, покажале дека тоа е навистина тешко. Анксиозност, страв од пропуштање на известувања и слично, придонеле дел од учесниците да издржат само неколку часа без своите уреди.
Во 2021, по откриените докази за Facebook и бројните информации од свиркачи – поранешни вработени во Facebook, открија интерна разузнувачка работа, која докажува дека Facebook знае дека нивната платформа нанесува вистински голема штета - Faceebok одлучи да не реагира.
Ние во Lush не сакаме да чекаме подобри меѓународни прописи или пак да ги чекаме платформите да воведат подобри пракси, додека бројот на млади луѓе со сериозни и трајни последици расте. Сега е вистинското време да најдеме подобри начини на поврзување без загрозување со нашите клиенти.
Не е доволно само фирмите да престанат да пласираат платени објави; луѓето и нивното време се вистинската валута на овие канали, а ние не сакаме нашата содржина да биде користена од скриени алгоритми, дизајнирани да ги држат луѓето заробени на овие канали.
За сите дополнителни информации ве молиме обратете се на: [email protected]