ПОЛИТИКА ЗА СВЕЖИНА

Свежите состојки се вродени во Lush - тоа е срцето на нашата филозофија.


Јадењето јаболко набрано од дрво е секако најдоброто за здраво тело... а свежата, рачно изработена козметика е како храна за кожата. Најдобрите свежи состојки имаат далеку похранливо дејство на кожата, косата и умот отколку долготрајните производи за убавина. Свежите сурови состојки кои не се распаднале имаат АКТИВНИ својства, особено витамини, минерали и ензими со прекрасни придобивки. Етеричните масла се исто така најмоќни и најефективни кога свежо се добиваат од растителниот или цветниот извор.
Природни состојки, растенија, путери и есенцијални масла се користат стотици години, бидејќи тие имаат докажана историја на ефективна, безбедна употреба и се многу посигурни за животната средина. Спротивно на тоа, хемикалиите може да звучат возбудливo и да понудат ветувања за анти-стареење итн., но колку се безбедни и ефикасни тие и какви докази има за тоа?


Во Lush работиме со свежи производи многу години и имаме огромно искуство како да формулираме, произведуваме и да внимаваме на производи кои вклучуваат цели овошја и зеленчуци, органски доколку е возможно. Во Lush ја минимизираме употребата на синтетика и конзерванси - 65% од производите се без конзерванси. Ние внимаваме да ги користиме само најбезбедните и најслабите конзерванси што ги знаеме. Нашите свежи маски се исто толку хранливи како овошните пијалоци за лице - 100% природни, тотално незаштитени.


Ние веруваме дека клиентите имаат право да знаат што точно има во производите што ги купуваат, и затоа нашите состојки се квантитативно означени на сите етикети. Нашите производи се погодни и за вегетаријанците и за веганистите - овие информации се јасно означени за клиентите лесно да избираат кои производи најмногу им одговараат.


Со текот на годините стекнавме знаење и искуство, и научивме да ги слушаме потребите на нашите клиенти, создадовме разновиден спектар на внимателно формулирани производи што се свежи и ефективни, исто колку што се и пријатни за употреба... и голем дел од нив се многу забавни!



Производството на Lush вклучува:


  • Внимателно нарачување на состојки од етички извори за да се обезбеди свежина и квалитет.
  • Производи кои што се рачно направени, со грижа и внимание и со цел да се зголеми квалитетот и да се минимизира загубата.
  • Транспарентни информации за клиентите-датуми на производство и имиња на вработените.
  • Производите направени по порачка се прават во помали количини но почесто за да стигнат до клиентите навистина свежи.
  • Нема натрупување на состојки или големо зачувување на производи.
  • Систем за рециклирање и намалување на отпадот.