Создадете си простор во кој преовладува мир и каде можете да бидете свои. Цветен мирис кој привлекува спокој со нежни ноти на иланг иланг и камилица. Во брзото секојдневие не заборавајте дека сепак најважни сте вие затоа дозволете си да уживате.
Можете да ја употребувате на два начини, како купка за во када или како свеќа за мирис во просторија.
Доколку се одлучите за маслена бања, земете две коцки од купката и оставете ги во веќе наполнетата када, маслата ќе се растопат и вашата бања е спремна за опуштање.
Доколку се одллучите да ја искористите како свеќа, земете една или две коцки и растопете ги во топилка за восок. Приближно време на согорување на една коцка е 6 часа.
Не додавајте искористено или стопено масло во вашата бања.
Содржи состојки кои може да предизвикаат алергиска реакција.