Сонлив облак од смирувачка лаванда и сладка тонка.
Веќе познатите, нежни ноти од Sleepy колекцијата сега ги имаме и како маслена купка. Овој мирис ќе ве однесе во една сосема поразлична димензија со која ќе заспиете безгрижно во длабок сон. Можете да ја употребувате на два начини, како купка за во када или како свеќа за мирис во просторија.
Доколку се одлучите за маслена бања, земете две коцки од купката и оставете ги во веќе наполнетата када, маслата ќе се растопат и вашата бања е спремна за опуштање.
Доколку се одллучите да ја искористите како свеќа, земете една или две коцки и растопете ги во топилка за восок. Приближно време на согорување на една коцка е 6 часа.
Не додавајте искористено или стопено масло во вашата бања.
Содржи состојки кои може да предизвикаат алергиска реакција.