Кога сакате вашата масажа да ја почувствувате како топла прегратка, оваа плочка е вистинскиот избор.
Направена е со органски какао путер и органски шеа путер коишто се богати со витамин Е. Додадовме и абсолут од тонка и кремаста ванила за неодолов сладок мирис.
Како се користи: Протријте ја плочката со рацете и откако ќе ја добиете посакуваната количина масло, масирајте директно на сува кожа. Масирајте со брзи и цврсти движења за најдобри ефекти.
Како се чува: На суво и чисто место подалеку од извор на топлина, наша препорака се нашите метални кутивчиња со капаче.