Заводливи цветови помешани со ладно цедено масло од семки од јагода за елегантен и сензуален мирис.
Содржи масло од лимон и јагода кои даваат слатко овошна нота, додека маслото од јасмин е природен афродизијак кој остава уникатен заводлив мирис. Можете да ја употребувате на два начини, како купка за во када или како свеќа за мирис во просторија.
Доколку се одлучите за маслена бања, земете две коцки од купката и оставете ги во веќе наполнетата када, маслата ќе се растопат и вашата бања е спремна за опуштање.
Доколку се одллучите да ја искористите како свеќа, земете една или две коцки и растопете ги во топилка за восок. Приближно време на согорување на една коцка е 6 часа.
Не додавајте искористено или стопено масло во вашата бања.
Содржи состојки кои може да предизвикаат алергиска реакција.