Ние во Lush никогаш не сакаме да се нарекуваме себеси eтичка компанија. Овој термин ни се чини несоодветен и ненаведува дека eтички компании се оние кои се обидуваат да не нанесат штета на луѓето и планетата со нивното работење и трговија. Не, ние не мислиме дека ова е “етичко” работање, ние сметаме дека ова е нормално работење какво што би требало да постои во секоја компанија, па тогаш не би ни постоел ни терминот “етички”.
Сите бизниси треба да бидат eтички и со фер тргувано проиизводство. Компаниите не треба да го истакнуваат тоа дека не се штетни или дека се праведни. Тоа едноставно треба да е така. Ниту една компанија не треба да биде на неетичка позиција со своето тргување и општеството има право како норма, да очекува праведност и фер искористување на ресурсите, од компаниите кои ги набавуваат.
Ние секогаш сакаме водејќи го нашиот бизнис, да имаме директен контакт со сите луѓе, почнувајќи од нашите добавувачи на состојки, завршувајќи со нашите вработени и клиенти, очекувајќи сите да имаме заедничка корист и побогат живот од дирекниот контакт мегу себе. Ниту една компанија не е совршена и ние секојдневно се обидуваме да бидеме се поблиску до остварување на целосната наша визија. Ние секогаш целиме кон се повеќе и бараме повеќе од себеси, со тоа што нашите деловни практики се поклопуваат со нашите очекување, потребите на нашите клиенти, добавувачи и на нашите вработени и потребите на нашата Планета.
Овие политики се применуваат во Lush Велика Британија и постојано се надградуваат зависно од текот на светските настани и нашите аспирации за подобрување. Ние имаме партнери низ целиот свет, кои исто така ги почитуваат овие политики.
Првата “Naked” продавница во светот
Најголемиот зафат за подигање на свеста кај луѓето, за користење на производи без пластика, се случи во јуни и 2018 година, кога Lush ја отвори првата светска “Naked” продавница во Милано, Италија, пречекувајќи ги своите клиенти на простор од два ката, со голи производи без амбалажа и рачно изработени памучни марами. Наместо скенирате на етикети, посетителите можеа да ги скенираат производите користејќи ја новата AI технологија, за препознавање на производ, во форма на апликација Lush Lens App и да ги добиваат потребните информации на нивните smartphones. Ова е еден чекор поблизу до иднина без пластика, зачувување на животната средина, зачувување на нашата Планета и задоволни клиенти со кои заедно ќе се бириме за поздрава иднина.