Дали користиме палмино масло?

Работиме напорно да ги отстраниме сите траги од палмино масло од нашето производство и да користиме што повеќе материјали кои не доаѓаат во допир со оваа индустрија...

Скоро е невозможно да го избегнеме палмино то масло бидејќи е маслото кое најмногу се користи во светот и ќе го најдеш насекаде: од био горива до чоколади, слатки, чипс и козметика. Глобалното производство е зголемено два пати помеѓу 2000 и 2012 година, а високата побарувачка доведе до зголемена индустријализација на огледувањето на палми, уништувајќи природни живеалишта и цели еко системи при процесот.


Назад во 2008 година започнавме да го отстрануваме палмино то масло од нашите набавки и започнавме кампања за разоткривање на пустежот на околината од плантажите со палми. Ги охрабруваме нашите купувачи да ги „измијата своите раце од палмино то масло“ како начин да се намали потребата за производство или да се изложат на ризик да гледаат како дождовните шуми и џунглите исчезнуваат пред нивните очи. Дождовните шуми се одговорни за 20% од кислородот во светот и апсорбираат значителни количини на штетниот јаглерод диоксид, па е од витално значење да ги зачуваме, заштитиме, а тие ќе ни помогнат во борбата против климатските промени и глобалното затоплување.


Прифаќаме дека не сите плантажи на палми се лоши и дека има добри примери на одговорно одгледување, но одгледувањето има масивен социјален и еколошки отпечаток кој е неотповикливо поврзан со намалување на шумите, злоупотреба на човековите права, детска експлоатација, загадување и корупција.


„Пролемот не е во палмите, проблемот е во тоа како се одгледувани и како се постапува со нив,“ вели Mark Rumbell, еден од нашите набавувачи на состојките од етички производители. „Нашиот фокус е на намалувањето на употребата на палмино масло со цел да се ослободиме целосно од неговото присуство. Нашата замисла е на добар пат кон остварување...“


Вистината


Палмите се користат како стабилен извор на храна повеќе од 5,000 години и е еден од производите со кои најрано почнало да се тргува, но во Индустриската револуција станале многу барани од британските трговци кои се навикнале да го користат маслото како индустриски лубрикант за машините. Денес се користи во индустријата на храна како масло за готвење или замена за путер, а исто така и во козметиката.


Постојат два типа на палми од кои се произведува масло, Elaeis guineensis и Elaeis oleifer. Од двата типа на палми се прават два вида на масло: палмино масло, кое се прави од плодот на дрвото и масло од семка од палма кое се прави од семето. Во 2017 година во Малазија и Индонезија се произвеле 87% од глобалното производство на ова масло. На цена на тоа, плантажите на палми замениле огромни површини од најстарата тропска дождовна шума на планетата, уништувајќи ги живеалиштата на животни како орангутанот, тигарот и азискиот слон.


Не само тоа, туку и земјата била украдена од племињата на кои им припаѓа и била дадена на корпорациите да ги развијат плантажите за палмино масло. Ова крадење земја типично резултира со злоупотреба на човековите права и конфликт, како и поткупување и корупција кои често се користат за проширување на плантажите. Чим се започне работа на плантажите, тоа обично значи дека е опасна, несигурна работа која е сиромашно платена и на повеќето од нив работат деца.


Палмите се ефикасно растение и тоа е дел од проблемот. „За да се произведе иста количина на масло кое доаѓа од еден хектар палми се потребни три хектари репка, четири хектари сончоглед, 4.7 хектари соја или 7 хектари кокос,“ објаснува Mark. „Со таа математика многу од произведувачите не сакаат да се изложат на зголемување на цените. Ако целиот свет се префрли на користење кокосово масло, тогаш ќе ни треба седум пати повеќе земја за одгледување.“


Одржлива алтернатива?


Не сме доволно убедени дека палминото масло може некогаш да биде навистина одржливо. Но, Round Table on Sustainable Palm Oil (RSPO) разви еколошки и социјални критериуми по кои компаниите мора да се водат за да произведат Certified Sustainable Palm Oil (CSPO) (сертифицирано одржливо палмино масло). Овие критериуми можат да помогнат да се минимизира негативниот ефект од одгледувањето палмино масло кој се покажува во околината и општествата каде се произведува ова масло. Според World Wildlife Fund (WWF), британските трговци, произведувачи и компании кои служат храна се водачи во побарувачката на одржливо палмино масло. Иако ова е позитивен развиток, само 20% од светското палмино масло е сертифицирано, а помалите компании често имаат проблем да ги направат промените кои се потребни за сертификат. Плус, сертифицираното палмино масло е поскапо, па така побарувачката е ниска.


Главниот етички набавувач за Lush – Simon Constantine кој лично ја посведочил трагедијата во Суматра раскажува: „Ако палмите постојат во вистинскиот екосистем и се поставени во вистински однос со околината и луѓето – тогаш се супер. Но, досега не сум видел таков пример.“ Па, како што не успеавме да ги идентификуваме сигурните одржливи извори на палмино масло на кои може да им се следи трагата, решивме да се фокусираме кон наоѓање на алтернативи и отстранување на оваа состојка од нашиот ланец.

Натриум стеаратАмониум лаурет сулфатГликол цетеаратНатриум кокоамфоацетатЛаурил бетаин„Не е едноставно,“ признава Mark. „Не само што изворот треба да потврди дека состојката е 100% чиста од палми и ќе остане така, туку и треба да ги следат прописите на Lush за етичност и да не тестираат на животни. Алтернативите на овие материјали кои содржат палмино масло се неретко нови на пазарот и се вмешани со тестирање на животни кои ги прават несоодветни за нашата употреба. Верзиите без палмино масло на нашите сегашни материјали не се достапни секогаш, а кога се, нас ни е потребна реформулација, а не едноставна замена. Постојаното истражување и тестирање се насочени кон прекинот на употреба на ова масло и сите производи поврзани со него.“


До неодамна не бевме во можност да се изјасниме дека нашите сапуни се 100% чисти од оваа состојка. Иако нашите основи на сапуните се без палмино масло од 2006 година, бевме загрижени дека содиум лаурил сулфат (СЛС) кој е една од носечките состојки за богата пена и содиум стеарат кој го прави сапунот цврст имаа потекло од палмино масло. Но, сега имаме развиено наша основа од фер тргуван органски какао путер, екстра девствено кокосово масло и органско рицинусово масло кои се помешани со натриум хидроксид за да направиме реакција која се вика сапунификација. Ова ја создава пенливата база на сапунот врз која ги додаваме инфузиите, соковите или маслата за сите нивни добри својства на кожата и добриот мирис.


Оваа нова формула претставува нов почеток без СЛС или содиум стеарат и е наш домашен рецепт, па така може да гарантираме дека целиот сапун не содржи палмино масло и деривати од истото. Сега сме зафатени со создавање на содиум стеарат кој нема да го загрози квалитетот на крајниот производ. Работевме со нашиот произведувач за да заедно дизанираме материјал кој е направен од остатокот од маслиново масло за да создадеме затворен круг на производство. Добрите вести се тоа што засега функционира – но, не толку добро колку што ние сакаме.


„Отстранување на палмите е тежок процес бидејќи клучни состојки како СЛС се произведуваат на толку висока скала. Продолжуваме да работиме на пренасочување на изворите од кои ни пристигнуваат материјали кои содржат палми. Уште малку и таму сме!“


Кои состојки сеуште содржат палмино масло?


Иако престанавме да користиме палмино масло во нашите производи, некои од нашите безбедни синтетики содржат деривати на истото бидејќи едноставно е многу тешко да се најде соодветна алтернатива. Во интересот на транспарентност ги набројуваме во следната табела


Материјал

Содржи деривати на:

Лаурил бетаин

Семка од палма, палма и кокос

Натриум кокоамфоацетат

Семка од палма, палма и кокос

Цетеарил aлкохол

Семка од палма

Цетеарил aлкохол и SLS

Палмино масло

НатлаурилсакросинатNP

Кокос, палма и семка од палма

Lauroyl Sarcosine

Кокос, семка од палма

Гликол цетеарат

Палмино масло

GMS SE40 - Glycerol monostearate

Палмино масло

SSD - Disodium laureth sulfosuccinate

Палмино масло

Глицерил стеарат-PEG100

Извор на семки од палми

Амониум лаурет сулфат

Семка од палма

Натриум лаурет сулфат

Семка од палма

Натриум лаурил сулфат

Семка од палма

Натриум стеарат

Палмино масло
*верзија слободна од палмино масло во сапунот Orangutan

Стеаринска киселина

Палмино масло

Лаурет 4

Палмино масло

Се трудиме целосно да ги отстраниме сите траги на палмино масло од нашите производи, до последната капка!