За нас
Историја на LUSH
Во Мај 1995, Lush свежите производи беа официјално презентирани и пуштени во продажба, но историјата на компанијата започнува пред тоа, многу поодамна. Тој тим работеше заедно веќе двасет години. Доволно е да се каже дека тие започнаа да работат заедно кога беа многу млади, тие развиваа производи за нега на коса со природни состојки кои резултираа со неверојатен успех како производи направени за Body Shop, a нивната сопствена линија на производи “Cosmetics to Go“ која можеше да се добие само преку нарачка по електронска пошта и тоа исклучиво во Велика Британија повторно започна со производство. Името Lush е резултат на натпревар за рачно изработен билтен и каталог кој се одржа во младата компанија. Госпоѓа Елизабет Бенет од Единбург се реши за Lush. Од нивниот дом на 29 High Street, Poole, Dorset на море на јужниот дел на Англија, Lush прерасна во меѓународна компанија - сеуште устеваме да останеме пријателски настроени и достапни, сеуште рачно ги правиме нашите производи но сега во неколку различни фабрики низ целиот свет. Како го правиме тоа? Постојат многу причини зошто Lush расте но ние го задржавме чувството како да работиме во мал бизнис кој останува верен на својата првична цел. Ние соработуваме со луѓе кои ги сакаме. Директорот на компанијата сеуште ги креира сите производи и не прави компромиси кога станува збор за квалитет. Марк Константин и неговиот син Сајмон ги креираат сите мириси со користење на најубавите состојки кои ги има во познатиот за нас универзум. Ние најверојатно сме единствената компанија која употребува вистинско етерично масло од јасмин (кое е поскапо од злато) во интересни форми кои што се пуштаат во када. Сите Lush производи сеуште се прават рачно, а кога се зголемува производството ние вработуваме повеќе луѓе а не машини. Ние сеуште се држиме до нашата првична цел и наместо да се чувствуваме како голема компанија ние го задржавме чувството на малите компании и сеуште работиме сите заедно. Производите може да имаат малку поразлична форма во различни земји тоа поради рачната изработка на производот, го прават различни луѓе кој што внесуваат по нешто свое. Производите може да имаат и различна боја; портокалите достапни во Италија се различни од оние кои се користат во Јапонија; Австралија користи различно грозје од она што се употребува во Велика Британија. Сепак секогаш ќе го препознаете Lush по квалитетот на состојките по свежината и непогрешливиот мирис на стотици етерични масла. Денес имаме на 800 продавници во 50 земји во целиот свет. Бидејќи ние се држиме до она во што веруваме, се надеваме дека Lush ќе продолжи да расте, но секогаш ќе го задржи своето срце и душа. Дадете уште еден чекор наназад во нашата историја
КОНСТАНТИН И ВИР 1977 - 1984
Лиз Вир и Марк Константин за прв пат се сретнаа кога и двајцата работеа во фризерско-козметички салон. Марк беше трихологист (наука за здравјето на косата и скалпот) а Лиз беше терапевт за убавина. Тие истовремено започнаа да работат а наскоро станаа и пријатели - Марк и ја средуваше косата на Лиз. Кога нивниот пет годишен договор помина Марк реши да проба нешто ново. Тој најде простор на High Street во Poole и ја покани Лиз да му се придружи во новата авантура. Лиз беше попретпазлива од Марк и сакаше малку да размисли за неговиот предлог. Сепак таа се реши и заедно го започнаа новиот бизнис кој го нарекоа 'Herbal Hair and Beauty Clinic'. Лиз сега се смее бидејќи на почетокот тие скоро и гладувале бидејќи нивните производи биле многу поразлични од се она што тогаш се нудело иако тие знаеле дека нивните производи се иновативни и уникатни, сепак нивнтата пазарна вредност не била на добро ниво. Во раните 80-ти Марк прочита за Анита Родик која штотуку го отвори “Тhe Body Shop” во Литл Хемптон и Брајтон. Тој сметаше дека таа звучи како индивидуа која размислува слично како него, па затоа и се јави и и понуди некои од неговите производи. Таа направи нарачка од 1200 фунти, што беше многу голем настан за Марк и Лиз, па тие го прославија ова. Бидејќи Анита Родик беше неискусен претприемач, беше загрижена дека нема да може да плати за производите. Нивната поврзаност со “The Body Shop” траеше многу успешни години. Константин и Вир креираа феноменални производи за “The Body Shop” и станаа најголемите снабдувачи на компанијата (секогаш во првите 10) - Пеперминт лосион за стапала, Honey Beeswax Cleanser (Ultrabland), растителни бои за коса (henna), и Body Butters (лосион за тело од кокосов путер). Тие беа многу зафатени и како што нивниот бизнис наречен “Constantine and Weir Plc” растеше, тие мораа да вработат поголем персонал. Ровена се придружи да помогне околу клиентите на Лиз. Хелен Амброзен се придружи откако слушнала од Лиз, додека Лиз ги депилирала нозете на Хелен, дека тие имаат потреба од некој кој ќе работи на истражување и развој. Пол Гривс и Карл Бајгреjв исто така се придружија на тимот. Мо помагаше цело време, но во тој период ја напушти својата работа како правна секретарка и го пронајде своето место во пронаоѓањето и креирањето на нови производи. Во тоа време, Константин и Вир имаа и фарма за растенија во Кембриџ и продаваа козметички производи преку спортски сали и фитнес центри, го продадоа нивниот ранч во Сиетл, и имаа Клиника во Вимблдон (Клиника за трихологија). Сево ова одеше добро се додека на “The Body Shop” не почна да им пречи тоа што многу од нивните производи се дефинираа како сопственост на друга компанија. Тие приметија дека Константин и Вир се многу влијателни. “The Body Shop” беа советувани да им платат на Константин и Вир. Марк и Лиз добија вкупно 11 милиони фунти од “The Body Shop”.
LUSH ОД 1995
По Cosmetics To Go основачите завршија назад на 29 High Street Poole. Тие започнаа да купуваат свежи производи како портокали, лимони, ѓусови, цимет и слично од супермаркет и ги претвораа во сапуни.Првите беа “Banana Moon” во цилиндричен облик, со калап од неискористени олуци. “Red Rooster” беше направен од калап како мачкини легла (никогаш користени од мачки) и “Bohemian” од прозорска жардиниера. Лиз секогаш велеше дека биле како ликови од детска англиска книга “Позајмувачи”. Тие работеа напорно, со враќањето на Пол Гривс зошто сфати дека не може да работи со никој друг. Ро и Мајк (иден сопруг) ги исчистија деловите од старите салони и напишаа дневни изданија со креди на табли, ова беше најдобриот начин да се оспособат а ги менуваат таблите регуларно за дневни изданија. Хелен, Марк и Мо правеа продукти горе додека другите ги продаваа. Тие ги отворија вратите на продавниците во Poole и беа малку загрижени, бидејќи многу луѓе во нивно окружување ги изгубија своите работи. Но купувачите почнаа да навалуваат бидејќи беа многу добри во Poole друштвото. Многу луѓе влегуваа, ги прегрнуваа и велеа: “Еве 10 фунти, што сакате да купам?” Од оваа точка почнаа да работат напорно и дури сакаа да се викаат “Козметички воини од светилиштето на искушението” но ова веќе беше регистрирано па си дадоа име “Козметичка куќа” бидејќи се чувствуваа како дизајнери на модна куќа. Лиз испрати 2.000 писма на старите CTG купувачи, вклучувајќи и слика од тимот насловена со: “Се сеќавате на нас? Сакате да купите сапун?” Сепак не беа задоволни со името “Козметичка куќа“ затоа објавија конкурс на кој потрошувачите даваа предлози за ново име на компанијата. Така се појави и Елизабет Бенет од Глазгов со името 'LUSH', што дефинитивно покрај се значеше и да се биде свежо и зелено со што одлично се вклопи во целиот концепт. Тие почнаа повторно да ги користат просториите на фабриката веднаш кога се отвори патот “Morris Road“, оваа фабрика работи и до ден денес, во неа се произведуваат тајните есенцијални компоненти на производите (парфеми). Во тоа време , човек по име Ендру Гери се јави во CTG за да купи многу креми за бричење - тој веќе беше корисник на на CTG и сакаше да ги однесе во Нов Зеланд и Австралија, но во тој период тие не ги произведуваа. Тие му кажаа што се случи со CTG , а тој го убеди својот шеф Питер Блекер да инвестира во новата компанија. Ова беше прв пат некој од надвор да инвестира а во исто време му беше дозволено и да ја отвори продавницата во Ковент Гарден, Лондон. Ова беше многу мала продавница и беше инспирирана од филмот 'My Fair Lady“ со Одри Хепберн која е една од омилените актерки на Марк. Тие направија нова шумлива купка 'Luverly' за оваа продавница како што Одри пееше "Wouldn't It Be Luverly" на цветниот пазар на Ковент Гарден ( во филмот). Пријателот на Ендру, Крег Гринвуд беше брокер во Лондон чија фирма имаше пари да инвестира во лондонски бизниси. Сега постоеше Ковент Гарден продавницата која можеше да се нарече лондонски бизнис. Инвестицијата ни овозможи да отвориме продавница на Кингс Роуд, тоа беше првата голема продавница која требаше постојано и брзо да се полни со производи. На отварањето Лиз, Мо и Марк застанаа заедно во продавницата и Марк рече "ако ова не е бренд незнам што ќе правиме". За наша среќа, се покажа дека е бренд. Продавницата беше преполна со потрошувачи, славни и познати луѓе, луѓе од сите страни на светот кои сакаат да отворат LUSH продавница во нивната земја. Од овој момент LUSH почна да расте. На патување до Лондон Марк и Карен се договориле за партнерство на компанијата со други компании. Тој заедно со својот пријател постојано доаѓал во Кинг Роуд и ја излудувале Ровена, но на крај нивната упорност се исплатила и е склучено првото прекуморско партнерство со Канада. Потоа се отвори и во Хрватска , и Крег, пријателот на Ендру го однесе LUSH во својата земја, во Австралија. Lush прогресивно растеше, и со тек на време си ги врати назад формулите од двете компании Cosmetics To Go и Constantine and Weir. Анита Родик почина и Lush почна да зборува повеќе за нивната етика. Lush оттогаш завзема големи скокови во козметичката индустрија, поставува граници за суровоста врз животните и ја зголемува свеста за животната средина. По три години на развој, првиот Lush Spa се отвори во Кингс Роуд, Лондон. Сега ние имаме повеќе од 800 продвници и неколку фабрики во повеќе од 50 земји. Фабрики насекаде низ светот. Има околу 6000 луѓе кои работат за Lush од продавање на сапуни во продавници, полнење на поклони, до патување низ џунглите барајќи фер тргувани суровини. Lush се гордее на себе што е динамичен, оригинален, и прогресивен. Тие истовремено започнаа да работат а наскоро станаа и пријатели - Марк и ја средуваше косата на Лиз. Кога нивниот пет годишен договор помина Марк реши да проба нешто ново. Тој најде простор на High Street во Poole и ја покани Лиз да му се придружи во новата авантура. Лиз беше попретпазлива од Марк и сакаше малку да размисли за неговиот предлог. Сепак таа се реши и заедно го започнаа новиот бизнис кој го нарекоа 'Herbal Hair and Beauty Clinic'. Лиз сега се смее бидејќи на почетокот тие скоро и гладувале бидејќи нивните производи биле многу поразлични од се она што тогаш се нудело иако тие знаеле дека нивните производи се иновативни и уникатни, сепак нивнтата пазарна вредност не била на добро ниво. Во раните 80-ти Марк прочита за Анита Родик која штотуку го отвори “Тhe Body Shop” во Литл Хемптон и Брајтон. Тој сметаше дека таа звучи како индивидуа која размислува слично како него, па затоа и се јави и и понуди некои од неговите производи. Таа направи нарачка од 1200 фунти, што беше многу голем настан за Марк и Лиз, па тие го прославија ова. Бидејќи Анита Родик беше неискусен претприемач, беше загрижена дека нема да може да плати за производите. Нивната поврзаност со “The Body Shop” траеше многу успешни години. Константин и Вир креираа феноменални производи за “The Body Shop” и станаа најголемите снабдувачи на компанијата (секогаш во првите 10) - Пеперминт лосион за стапала, Honey Beeswax Cleanser (Ultrabland), растителни бои за коса (henna), и Body Butters (лосион за тело од кокосов путер). Тие беа многу зафатени и како што нивниот бизнис наречен “Constantine and Weir Plc” растеше, тие мораа да вработат поголем персонал. Ровена се придружи да помогне околу клиентите на Лиз. Хелен Амброзен се придружи откако слушнала од Лиз, додека Лиз ги депилирала нозете на Хелен, дека тие имаат потреба од некој кој ќе работи на истражување и развој. Пол Гривс и Карл Бајгреjв исто така се придружија на тимот. Мо помагаше цело време, но во тој период ја напушти својата работа како правна секретарка и го пронајде своето место во пронаоѓањето и креирањето на нови производи. Во тоа време, Константин и Вир имаа и фарма за растенија во Кембриџ и продаваа козметички производи преку спортски сали и фитнес центри, го продадоа нивниот ранч во Сиетл, и имаа Клиника во Вимблдон (Клиника за трихологија). Сево ова одеше добро се додека на “The Body Shop” не почна да им пречи тоа што многу од нивните производи се дефинираа како сопственост на друга компанија. Тие приметија дека Константин и Вир се многу влијателни. “The Body Shop” беа советувани да им платат на Константин и Вир. Марк и Лиз добија вкупно 11 милиони фунти од “The Body Shop”.