Во Lush се гордееме со нашата креативност и не застануваме кај производите. Од самиот почеток нашата цел е да ги користиме најдобрите, најбезбедните и најубавите состојки.
Откривме дека кога ги посакуваш најдобрите состојки мораш да патуваш низ светот и да ги најдеш. Нашиот посветен тим за купување неуморно работи за да го обезбеди баш тоа што го сакаме. Често тука се вклучува голема количина креативно рзмислување и наоѓање решенија на проблеми како лоцирањето на квалитетни есенцијални масла и абсолути, необработени материјали, безбедна синтетика, 100% рециклирана амбалажа или отстранување на палминото масло од нашите производи. Lush гарантира за својата посветеност кон општествата и регионите од каде ги купува состојките. Чувствуваме дека нашите состојки треба да се купуваат со почит, имајќи обѕир кон околината и социјалното влијание. Ги поддржуваме иницијативите за фер тргување и размена помеѓу општествата. Дознаваме какво влијание има нашето купување на луѓето и околината и секогаш правиме одговорни одлуки за тоа од каде, од кого и како ги купуваме состојките и амбалажите.
Етички размислувања при купувањето
• работнички права: унии, колективно пазарење, здравје и безбедност, слобода за напуштање, фер плата, работни часови, дискриминација и без деца работници.
• околина: органско, издржливо, загрозени видови, загадување при производство на вода и копно, употреба на ресурси за обработка на состојки, без генетско модифицирање...
• заштита на животните: не тестираме на животни, ниту состојките не ги тестираме на животни, ниту местата од каде ги купуваме состојките не тестираат други производи/состојки на животни
• транспорт: патот што го поминуваат состојките, минимално загадување на воздух, материјалите со кои се пакуваат состојките.
Ние купуваме…
• 1/6 од светската берба на абсолут од цвет од портокал од мали оранжерии во Тунис
• 1/8 од светското масло од нероли, рачно направено од горчлив портокал од Тунис
• 1/10 од светскиот абсолут од турски рози кој се прави од номадскиот Рома народ
• бензоин смола во вредност од пет села од недопрената природа на северен Лаос, една од најсиромашните земји на Југоистокот
• фер тргуван шеа путер кој поддржува 400 жени во области во Гана
• 55 тони од органски фер тргуван какао путер од Коста Рика и Доминиканска Република
• скоро 1/5 од увозот на кна во Велика Британија: 50 тони
• масло од сандалово дрво во вредност од еден остров во Пацификот (за да се избегнат киднапери, мафија и криумчарење во Индија.) кој е одржливо поддржан од домородните племиња Kanak
• 1/3 од целото производство на најдоброто унгарско сино масло од камилица
• 150 букети цвеќиња неделно или отприлика 8,000 букети годишно за нашите свежи производи
• 25 тони органско овошје годишно и 50 тони свежо овошје и зеленчук годишно кои се органски, конвенционални, со локално потекло од регионите каде најдобро растат
• престанавме да употребуваме отприлика 250 тони палмино масло со цел да ги спасиме орангутаните и нивната загрозена животна средина во дождовните шуми во Индонезија
Набавувачите кои ги поддржуваме
Веќе многу години имаме полиса каде имаме цел да ги купиме нашите материјали од самите произведувачи: земјоделците, одговорните за обработка од каде и да купуваме со цел да ја научиме вистинската приказна на секоја состојка. Ова значи дека нашиот тим за купување патува низ светот посетувајќи набавувачи, запознавајќи ги луѓето кои се вклучени. Гледаме од прва рака како растат состојките, како се берат, обработуваат... Ова ни дозволува подобро да ги разбереме суровите материјали, од каде потекнуваат, како се произведуваат, кои потенцијални проблеми со работна рака или околината може да се појават и што влијае на цената на материјалите (сезона, количина, клима, итн).
Со купување на материјалите на овој начин, со комуникација лице в лице имаме голема помош за добра, искрена и долгорочна продуктивна врска со производителите/набавувачите и ни гарантира непрекинат извор на материјали со добар квалитет. Во можност сме убаво да им објасниме на нашите набавувачи кои се потребите на нашиот бизнис и ги разбираме потребите и функционирањето на нивните бизниси.
Со купување директно од изворот поддржуваме и финансираме некои навистина вредни проекти низ целиот свет со кои сме горди.
Кога тимот што купува не патува низ светот, доставува редовни описи за информации од типот на:
- изворите на суровите материјали кои ги купуваме за изработка на нашите производи
- фер тргување и проекти на општествата за тргување
- листа на извори
- статусот на состојките
- споделување на искуствата од патувањата (кои често претставуваат голем предизвик!)
Ова често еволуира како што расте нашиот бизнис и ги негуваме нашите односи со набавувачите од целиот свет.
Детска работна рака
Нашиот став за детската работна рака соодветствува со ILO стандардите. Веруваме дека минималната возраст за работоспособност не е помалку од возраста со која се завршува задолжителното образование. Инсистираме да нашите набавувачи не се во никаква врска со вработување на детска работна рака. Ако се појават детски работници, очекуваме од нив да се приклучат кон поддршка за програма на обучување и транзиција која го насочува детето кон школување.
Ние во Lush сме навистина посветени на општествата и регионите од каде ги купуваме нашите состојки. Чувствуваме дека тие треба да бидат купени со почит која обрнува внимание на околината и социјалното влијание.