Политика за не тестирање на животни

Ние во Lush не тестираме на животни, не користиме материјали што содржат животински деривати кои се несоодветни за вегетаријанците и купуваме само суровини од компании кои не се вклучени во тестирање на животни и немаат планови за да го сторат тоа во иднина. Ние веруваме дека тестирањето на животните не е прифатливо. Признаваме дека безбедноста на клиентите е од значење, но исто така веруваме и дека тоа може да се постигне без тестирање на животни.


Ние не купуваме состојки од добавувачи кои нарачале или учествувале во тестирање на животни по прекинувањето на 1 јуни 2007 година, освен ако добавувачот не се обврзе понатаму да не изврши испитување на животни во иднина и да ја користи Lush ин витро (се однесува на техниката на изведување на дадена постапка во контролирана околина надвор од жив организам) алтернативата.


Додека го разбираме неизбежниот исклучок на законодавството РЕАА (регистрација, евалуација, овластување и ограничување на хемикалиите), Lush сака да продолжи да ги охрабрува добавувачите да тестираат за безбедност користејќи методи за тестирање што не се на животни, како и да го финансираат развојот на методи за тестирање кои не се врши врз животни.


Ние го изградивме Lush користејќи ја оваа политика - и веруваме дека ова покажува дека е можно да се смислат, произведат и да се донесат на пазарот цел спектар на производи без никаква вмешаност во тестирање на животни. Нашите основачи ја започнаа оваа политика во јуни 1993 година, додека сe уште ја водеа својата претходна компанија, Cosmetics To Go. Така, кога тие го започнаа Lush во 1995 г., започнаа со употреба на оваа политика и оттогаш се држат до неа.